Бугарските социјалисти го обвинија Каракачанов дека е штетник


По обвинувањата од  ГЕРБ на Бојко Борисов и ВМРО на Красимир Каракачанов дека опозиционите социјалисти треба да ја понесат одговорноста за предложената корекција во  Извештајот за Северна Македонија поднесен од нивните колеги евросоцијалисти и демократи, бугарските социјалисти вечерва преку писмено соопштенија известија дека нема да гласасат за амандманот.

„Делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент нема да ги поддржи предложените измени, зошто тие не го изразуваат во целост историскиот и политички контекст на Балканот. Но, ние категорично се противиме на обидите за приватизација на бугарските националнии нтереси и создавање монопол врз патриотската кауза. Особено од политичка сила (ВМРО) која го урива авторитетот на Бугарија во ЕУ само заради сопствено политичко преживување“, порачаа бугарските социјалисти во ЕП. 

Тие во своето соопштение отворено се конфронтираат со ставовите на Каракачанов, обвинувајќи го дека со објавувањето карти и со неговите непримерни изјави во целост ја нарушува позицијата на Бугарија во Европа. Така, според нив, Бугарија не добива поддршка, туку нови резолуции.

„Предложениот амандман во извешатајот на ЕП за Република Северна Макеоднија е токму во таа насока. Со внесената измена, со која „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни на духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек“, јасно се покажува  дека за Европа е неприфатливо однесувањето на Каракачанов . Со тоа тој, а не некој друг, ја става Бугарија во негативен контекст во низата текстови на резолуции што ги носи ЕП“, порачуваат бугарските социјалисти, околу извештајот што непријатно ги изненади властите во Бугарија.