Бугарскиот притисок во ЕУ на дното од грижите на македонските граѓани
Последната анкета на ИРИ покажува политичката агенда на партиите околу пренагласената приказна за притисокот на Бугарија во ЕУ околу македонската евроинтеграција е во дискрепанца со размислувањата на грѓаните.
На прашањето „кој е најважниот проблем со кој се соочува Македонија денес“ (како и втор проблем) „бугарскиот притисок во ЕУ интеграциите“, се најде дури на 13-то од 15-те ставови, што значи на дното. Како прв проблем го посочиле само 2 отсто, исто колку и како втор проблем.
На врвот е сиромаштијатам, нискиот стандард на живеење, проблемите на обичните луѓе со вкупно 25 поени. Потоа следат високите цени, економската ситуација… додека корупцијата е на седмо место со вкупно 16 отсто.
Против вклучувањето на Бугарите во уставот се 66 отсто, а за 30. Во овој сегмент има драматична разлика во одговорите според возраста. Оние на 56 години се 72 отсто против, додека кај тие од 18 до 35 години бројката паѓа на 56 проценти.
Интересно е што по падот на последнат анкета во октомври лани, на оваа во мај силно се зголемува бројот на анкетираните кои го поддржуваат членството во ЕУ –сега тој изнесува 79 отсто (наспроти 73 лани), а против се само 17 отсто (лани беа 24 отсто).
Се зголемува и бројот на оние што го поддржуваат процесот на преговори со ЕУ според францускиот предлог – 41 отсто (лани беа 38), додека против се 50 отсто.