Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за нов Устав


Бугарскиот парламент денеска го отфрли контроверзниот план на премиерот Бојко Борисов за промена на Уставот кој го поднесе во август во обид да ја ублажи политичката криза.

Предлогот за промена на Уставот, кој неодамна го критикуваше и Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања, доби само 110 гласови, а за да помине беше потребна согласноста на 160 од 240 пратеници.

Конзервативната влада ја покрена иницијативата во обид да го ослаби протесното движење, кое жестоко ги осудува наводните врски на властите со олигарсите.

Но, таа одлука која се смета за маневр за купување време и останување на власт до наредните парламентани избори закажани за март 2021 година, предизвика бурна реакција на протестното движење.

Во Софија на почетокот на септември во судир на демонстрантите и полицијата околу 45 луѓе.

Венецијанската комисија од своја страна соопшти дека жали што за покренување на уставната реформа претходно не е одржана јавна расправа.