Бугарска квази наука: Историчар, а се заканува со вето


Бугарскиот историчар Наум Кајчев, вели дека  македонската наука сега ќе мора да ги прифати тезите кои преовладуваат во бугарската историја, барем што се однесува до средновековниот период. Изјави дека тие тези се познати за бугарските граѓани, за бугарската образована јавност, но се многу непознати во македонското општество. 

„Само една мала елита на историчари знае и признава дека сето тоа се случувало во средновековна Бугарија. Свети Климент не паднал од небо. Тој бил испратен во Охрид од кнезот Борис, а по него и Свети Наум, кој бил испратен од Цар Симеон”“, рече тој. 

Кажа дека механизмот на вето може повторно да биде активиран доколку не се спроведе договореното.Токму овој договор, вели Кајчев, го потенцира заедничкото минато на двете земји и дава надеж дека односите може да бидат подобри.

Во интервјуто на бугарската БТВ, Кајчев сепак проценува дека ќе претстои тешка работа во комисијата, но сепак се задоволни. 

Кајчев, кој е заменик копретседавач на бугарскиот тим историчари, по објавата на видеото за одбраната на историската чест, го појасни неговото мислење тврдејки дека не мислел на честа на бугарската историја туку на честа на членовите на комисијата.
 
– Кажав, како што може да се слушне во видеото „добро стојат пред нашата историска чест”.  Ја имав во предвид професионалната чест на историчарите од Бугарија, но и од Северна Македонија ( членовите на комисијата, и сите други колеги кои ни помогнаа и беа консултирани), појаснува Кајчев.