Бугарите ќе се откажуваат од еврозоната иако ЕУ не ги прими во неа


Лидерот на партијата Костадин Костадинов 

Бугарската партија  Преродба (Вазраждане) поднесе 590.000 потписи од вкупно 37.000
страници за одложување на усвојувањето на еврото.

„Она што ќе го постигнеме е дека  наесен ќе има референдум заедно со локалните избори“, изјави лидерот на Преродба, Костадин Костадинов.

Костадинов посочи дека влегувањето во еврозоната е „стапица од која нема излез“. „Уништувањето на бугарскиот лев ќе доведе до уништување на заштедите на
бугарските граѓани, до девалвација на приходите и заштедите и ќесе  ликвидира
последниот преостанат елемент на независна Бугарија – финансиската независност на
нашата земја“, рече тој.

Тој смета дека ќе има „напади и осуди на  референдумот од страна на
партијата  „Демократска Бугарија“, а одлуката на коалицијата ПП-ДП да не го поддрѓат кабинетот на ГЕРБ-СДС ја коментираше со зборовите : Одиме на нови избори!

„Доколку ни го доделат третиот мандат, имаме готов состав на кабинетот и ќе го претставиме
на гласање во Народното собрание“, додаде лидерот на формацијата. Преродба, според оценките на БГНЕС,  ќе бара поддршка од сите партии врз основа на нивната платформа и цел, но тешко дека ќе ја добие затоа што другите партии имаат „различни цивилизациски погледи“.