Бугарија започна со третата фаза на вакцинација, не ги споменува ветените вакцини за Македонија

Во Бугарија започна третата фаза на вакцинација откако вчера пристигнаа вакцини 28.000 вакцини од АстраЗенека. Тие денес ќе бидат распределени низ неколку места во државата. На почетокот на оваа фаза ќе се вакцинираат сите што ќе бидат ангажирани на изборите, во Централната изборна комисија и други тела.
Од Владата соопштија дека наредните недели се очекуваат поголеми количини вакцини и дека во текот на следниот месец бројот на вакцинираните нагло ќе скокне – до 300.000 граѓани.
Следната испорака на AstraZeneca за Бугарија е на 13 февруари кога се очекуваат вкупно 260.000 дози на вакцините.
AstraZeneca е третата одобрена вакцина против COVID-19 во Европската унија која пристигна во Бугарија. Таа е прва што не била донесена со авион туку преку копно и може да се чува во обични фрижидери. Интервалот помеѓу двете дози е многу подолг отколку со другите, а нејзината ефикасност е помеѓу 62 и 90 отсто.