Бугарија воведува остри мерки против короната


 

Затворање на училитштата, угостителските објекти и трговските центри се мерки кои стапуваат на сила на полноќ во сабота во Бугарија, соочена со експлозија на заразени и висока стапка на смртност, јави БТА.

Сите образовни установи преминуваат на настава на далечина. Баровите и рестораните се затвораат и ќе може единствено да подготвуваат храна за достава.

Трговските центри ќе бидат затворени, а само супермаркетите, продавниците за храна, банките и продавниците за куќни миленичиња ќе работат.

Сите спортски активности се забрануваат за помлади од 18 години, а спортските натпревари за возрасни ќе се одржуваат без публика.

Културните установи исто така се затвораат освен театрите каде не смее да има повеќе од 30 отсто од капацитетот посетители.

Се ограничува и времето за купување за постарите

Постарите од 65 години ќе може да купуваат во супермаркети наутро од 8.30 до 10.30 часот.

Бугарската влада досега не планираше да воведува рестрикции, но во средата откако болниците се преполнија со пациенти реши да ги донесе овие мерки.

Со нив се очекува да се сузбие вториот пран од пандемијата. Ќе бидат на сила од сабота до 21 декември, објави министерот за здравство Костадин Ангелов.

Целта е да се преполови бројот на заразени.