Бугарија во фокусот на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ
Денес стартуваше и агресивната црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во која главна на удар се најде политиката на СДСМ кон Бугарија и „предавството на Гоце Делчев“. Играјќи повторно на картата на патриотизам, во видеото објавено денес „Македонија не заборава“, се пласираат изјавите на Захариева и Каракачанов за македонскиот и бугарскиот јазик како еден ист и за наводното предавство на Зоран Заев на македонската историја, со поента на крајот – Македонијо, исправи се.
Видеото покажа на што ќе почива црната пропаганда на опозициската партија која драматично се разликува од позитивната реторика на власта на првиот ден од кампањата. Така, од видеото се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „пука“ на СДСМ со обвинувањата дека Македонија е најкорумпирана држава, дека ќе го употребува значајно „Рекет“ (еден и два), дека ќе критикува за задолжувањата иако стави потпис зад нив, дека ќе ги спори економските успеси на Владата тврдејќи дека економијата е уништена, дека ослободува убијци на деца, т.е. ќе го употребува случајот со Мартин Нешковски и Смилковското езеро, ќе обвинува за корумпирано и болно здравство, па дури и за епидемија на морбили што беше запрена токму од оваа Влада, ќе критикува за загадувањето, ќе ја спори земјоделсдката политика на Владата и секако – нема да го заборави „предавството на името“, без да вети дека било што ќе смени на таа тема. Вака се најавени темите во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
Најкорумпирана држава во Европа!
Ја уништија економијата!
Хибриден режи, заробена држава!
Го продадоа името!
Ослободуваат убијци на деца!
Го уништија здравството!
Излажаа за екологијата!
Ги излажаа земјоделците!
Лаги, лаги, лаги!
Ги предаваат Делчев и македонската историја!
Македонија не заборава!