Бугарија со протестна нота до Франција поради изјава на Макрон
Бугарија денеска испрати протестна нота до Франција во врска со изјавата на претседателот Емануел Макрон за францускиот неделник „Валеус актиел“ во која се споменуваат „бугарски илегални филијали“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
„Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побара од бугарскиот амбасадор во Франција, Ангела Чолаков, да испрати протестна нота до француското Министерство за надворешни работи“, рече министерскиот советник Иван Димов.
Во контекст на тензиите меѓу Париз и Софија за реформите во патниот сообраќај во Европа, францускиот амбасадор во Софија, Флоранс Робин ќе биде повикан во бугарското МНР в понеделник.
Бугарските медиуми опширно ја пренесоа изјавата на Макрон и францускиот претседател беше претставен како главен двигател на реформите поврзани со возачите. За таа реформа моментално се преговара во Брисел.
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов рече дека изјавата на Макрон е „скандалозна“.
– Ова е нов приказ на политичка ароганција. Јас категорично ги отфрлам сите обиди за дискредитација на нашата земја, како и кршење на правата на бугарските граѓани, рече Каракачанов.
Макрон изјави за францускиот неделник дека, што се однесува до миграциската политика, „тој претпочита легална, регистрирана и миграција со квоти за неколку години, наместо скриена работа на црно“.
-Претпочитам луѓето да доаѓат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска, наместо бугарските и украинските илегални филијали – рече Макрон.