Бугарија не сака да избира меѓу САД и ЕУ

Јасно е дека геополитичката динамика е предодредена од војната во Украина – и како причина и како последица на сите процеси што се развиваат не само во Европа.Бугарија не може да си дозволи да биде ставена, ниту активно, ниту пасивно, во ситуација кога треба да избере поддршка и став кон војната меѓу различните тенденции изразени од ЕУ и САД. Ги сметаме за сојузници на НАТО и за заеднички гарант за заштита на нашата национална безбедност. Праведен и траен мир може да се постигне преку безбедноста за Украина и ЕУ, изјави премиерот Росен Желјазков по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.
Нашата национална безбедност е заедничка одговорност меѓу сите политички сили. Ризиците за нашата национална безбедност беа дискутирани и во две хипотези – ако војната продолжи и ако војната биде прекината, како и во хипотезите во кои САД се повлекуваат или продолжуваат да и помагаат на Украина во поинаква форма. Ги испитавме и можностите на ЕК во три насоки – генерирање ресурси во посебен фонд, во кој би можела да учествува и Бугарија; можностите преку нашиот национален буџет преку можноста за отстапување од клаузулата за дефицит, како и можностите за искористување на кохезиониот фонд и другите фондови на ЕУ за генерирање на ресури кои според претседателот на ЕК, ќе изнесува близу 800 милијарди евра. За нас е важно да ги искористиме овие можности за да ја поставиме нашата воена индустрија на нејзиниот пат кон развој, со подобра координација меѓу јавните и приватните претпријатија во секторот, додаде премиерот Жељазков.