Бугарија ќе ја билда бројката на Бугари во Македонија
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска јавно ја оспори информацијата
за наглото намалување на бројот на граѓани од Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во текот на минатата година.
„Секој што поднел барање за бугарско државјанство по потекло или од друг член на
законот добива бугарско државјанство, доколку се исполнети сите услови според нашето
законодавство. Тоа го гарантирам. Најважна во овој случај е волјата на самите граѓани, тоа што сакаат да го променат својот статус“, изјави Јотова за БГНЕС во врска со драстичниот пад на бројот на издадени документи за бугарско државјанство на Македонците во последните две години.
„Кој ви ја даде оваа информација? Ова не е вистина. Ќе ве замолам да ги користите
официјалните извори, веб-страницата на нашата институција на која се сите бројки за
соодветните години и месеци кога се давало бугарско државјанство на граѓаните кои се
во моментов државјани на Република Северна Македонија“, рече Јотова.
Според официјалните податоци на Комисијата за бугарско државјанство до претседателот од 10 април годинава веќе две години има рекордно намалување на бројот Македонци кои добиле бугарско државјанство. Комисијата за бугарско државјанство е постојано помошно тело со советодавни функции на потпретседателот.
Според податоците на Комисијата, во 2022 година бугарско државјанство примиле 1.992 Македонци, а на второ место по набавка на бугарски документи се Украинците – 1.639, па Турците – 1.290, Србите – 556, Албанците – 517 и Молдавците – 476.Бројките на Македонците кои станале Бугари според пасошите во 2021 и 2020 година биле 7.696 и 9.098 лица.
„Со последните измени на законот издавањето државјанство трае околу две години, доколку се биде во ред бидејќи се потребни 6 месеци за да може да се проверат овие граѓани од нашите безбедносни служби. Лично мислам дека овие рокови треба да се оптимизираат, но затоа ни треба повеќе луѓе, главно во Министерството за правда, бидејќи луѓето таму навистина недостигаат и има многу барања“, коментира Јотова за БГНЕС.