Бугарија калкулира: Дали и за колку е поевтин рускиот гас?
Колку би чинел гасот што доаѓа во Бугарија доколку „Гаспром“ не ги стопираше испораките и плаќањата кои одеа според договорот што е во сила до октомври? Дали е неопходен нов договор со руската компанија – оваа тема ги подели политичарите во Бугарија, бидејќи двата табора – „за“ и „против“ имаат аргументи.
Рускиот гас за Бугарија би бил поевтин на големо за околу 20 до 40 лева за мегават час од малопродажната цена од 297 лева што ја понуди Булгаргаз за август.Тоа го пресметаа енергетските експерти до кои „24 Часа“ се обрати за мислење. Според нив, доколку договорот со „Гаспром“ сепак се реализираше, Бугарија би добила гас по цена меѓу 125 и 135 евра, или најверојатно проценката е дека тој ќе чинеше 264 лева во малопродажбата. Односно, и да не беше стопиран, гасот од „Гаспром“ ќе беше поевтин најмногу за 10 лева по мегават час, доколку се земат предвид сите трошоци за негова испорака до корисниците.
Високата цена за август се формира врз основа на залихите што во моментов доаѓаат во Бугарија. Дури 1/3 од потрошувачката во Бугарија отпаѓа на таканаречениот азербејџански гас. Со него цената се дели на два дела – 70% доаѓа за 154 евра за мегават час по цена на холандската берза, а остатокот од количината е за 65 евра, т.н. нафтената компонента во цената, која треба да поевтини следниот месец, бидејќи цената на лесната нафта на светските берзи е намалена за 25%. Најголемата предност на суровината од Гаспром е што има воспоставена инфраструктура и логистички синџири за набавки и потрошувачка.
– Најголемиот недостаток е што Гаспром е несигурен снабдувач. Освен што го користи како политичко оружје, всушност Русија нема доволно сопствени ресурси и таа препродава касписки гас маскиран како сибирски гас. Всушност, ова е истиот гас произведен околу Каспиското Море, но од Туркменистан, продаден на Русија и испорачан во Европа.
– Најголемиот недостаток на американскиот или алжирскиот течен гас е немањето инфраструктура. Се транспортира со танкери и се истоварува на специјални терминали. Потоа повторно се претвора во гас и влегува во внатрешната преносна мрежа. Најблискиот таков терминал е во Турција. Воспоставувањето на партнерски односи со Турција ќе биде најбрзата и најодржлива опција за сигурно снабдување на долг рок. Зашто, Турција обезбеди испораки и од течен гас од басенот на Каспиското Море поради несигурното однесување на Русија.
Грчкиот терминал на островот Ревитуза неодамна е проширен и таму може да се истоварува течен гас.