Бугарија извезе оружје за 6,5 милијарди евра од почетокот на војната во Украина

Извозот на бугарско оружје достигна достигна 13 милијарди лева (6,5 милијарди евра) од почетокот на војната во Украина. Бугарија се покажа како клучен знабдувач на Украина со муниција и гранати, особено поради тоа што бугарските фабрики се комплементарни со оружјеот што го користи украинската војска.
Бугарската воена индустрија прави веќе 4 проценти од БДП и е една од главните причини зошто земјата постигнува економски раст секоја година. Бугарија се покажа како клучен играч во процесот на зајакнување на европската одбрана, забележува бТВ.
Податоците од министерот за економија Петар Дилов покажуваат колку значаен дел од бугарската економија ќе стане производството на муниција по 2022 година.
Резултатите од фабриката ВМЗ-Сопот покажуваат дека дури и државното производство во Бугарија е способно да профитира и да напредува. Со 95 милиони евра приходи за 2021 година, продажбата на ВМЗ за минатата година изнесуваше 450 милиони евра, со тенденција на зголемување.
„Како што очекувавме, во 2025 година беше надминат психолошкиот праг од 1 милијарда лева приходи (500 милиони евра). ВМЗ вработува и околу 5.000 луѓе, а само во последната година нивниот број се зголеми за речиси 350“, истакна министерот за економија.
Речиси 100-годишните традиции на Бугарија во воената индустрија, достапноста на капацитети за производство на воена опрема во услови на големи геополитички промени во последните години, се главната причина зошто земјата постигна економски раст, зголемени пензии и плати, во услови на последните три тешки години за економијата во Европа.