Бугарија издржа само четири месеци без Русија


Очекуваното стана неизбежно. По кратка мимикрија, преодната влада на Бугарија направи решителен пресврт кон Русија. Бугарија издржа само четири месеци како целосно независна земја. Петтата колона на Кремљ, поттикнувана со децении од руската енергетска валута, се врати во живот со државниот удар на 9 септември.

При објавувањето на неизбежноста од купување на рускиот гас побарана е  класна поддршка. Лидерите на организацијата на работодавачите и на синдикатот кажуваа ултимативни бројки: со гас над 250 лева за мегават час бизнисите ќе банкротираат, а работниците ќе бидат отпуштени. Официјалните министри додаваа: субвенции не можат да се даваат  бидејќи ќе ја пумпаат инфлација, а за да се платат ќе мора  да се покачат даноците.

Министерот за „енергетска пропаганда“ добро знае дека полувистината тежи повеќе од чиста лага. Да, субвенциите на долг рок пумпаат инфлација, но во исто време ги чуваат компаниите од банкрот, а домаќинствата од сиромаштија. И не можете да надоместувате за скапата струја, а за  скапиот гас не.

Министерот за „енергетска пропаганда“ вели исто така дека немало пари – претходната редовна влада не издвоила ниту за струја. Не е важно што постои механизам за компензација од вишокот профит на енергетските компании кои продаваат скапа струја произведена со евтини суровини и сега трупаат милијарди. Работодавците знаат дека некои гасни компании исто така остваруваат вишок профит и не им треба компензација. 

Министерот за „енергетска пропаганда“ вели и дека претходната влада не направила ништо за да обезбеди замена за гасот од Гаспром. Дури и ако ова е половина вистина, тоа не објаснува зошто не направи ништо преодната влада и зошто од 7 резервирани цистерни за  течен гас купи само еден – за да „замачка“ очи. Зошто доцни со купувањето слотови за истовар бидејќи, според грчкиот премиер, има доволно слободен капацитет. А и да поскапат слотовите сега, колку ќе поскапи горивото? Бугарскиот министер не дава никакви бројки.

И, така доаѓаме до целосната лага дека рускиот гас сега ќе биде многу поевтин. Според договорот на Бугарија со Гаспром, кој се уште важи до крајот на годинава, 70 отсто од цената на овој гас е берзанска. А на берзата цената на гасот постојано расте, руски и неруски, скока поради војната на Путин и масовното панично бегство од рускиот гас. Олаф Шолц отиде во потрага по гас се до Канада каде германски канцелар не стапнал со децении, а Германија е најзависната европска земја од Гаспром. Бугарскиот премиер не отиде ниту во Атина и Анкара.

Министерот за „енергетска пропаганда“ не кажа и нешто поважно – дали договорот со „Гаспром“ воопшто вреди пари, откако руската компанија  не само што ја затвори славината кон Бугарија, туку и ја соочи  моќната Германија со намалено снабдување преку „Северен поток“. Гасот едвај тече, а тече воопшто  поради виша сила, за Гаспром да не оди на арбитража и да плати милијарди казни. Дури и  ако сега се договори купување на гас во рубљи, Бугарија нема да се спаси од казните за гасот што е суспендиран од мај? И зарем Гаспром нема да бара такво нешто за себе, со образложение – ако сега се согласуваме да плаќаме во рубљи, зошто не сме можеле тоа да го направиме и порано?

Преодната влада ќе направи национално предавство со тоа што не ја калкулира ни најсериозна сметка: Да бараш гас од денешна империјална и тоталитарна Русија, која стана најсериозна закана за светскиот мир, е како да купиш нож без обвивка и да го ставиш во џеб. Со секое поостро движење ќе се повредиш, а доколку ја изгубиш рамнотежата може да се прободиш фатално.

Преодната влада ќе биде и влада на национално понижување, затоа што ќе ја стави земјата во ситуација слична на 16-та советска република. Менталитетот на Тодор Живков очигледно го зафати министерот за „енергетска пропаганда“ – единствената живост во неговото службено лице на брифингот во понеделникот се појави во моментот кога кажуваше како ќе преговара со Русите откако толку многу ги пониживме со протерување на дипломатите. Но, тој не е загрижен што светските медиуми ќе ја посочат Бугарија како земја без достоинство, која набргу откако гордо го одби рускиот гас, ја наведна главата. Држава која лае од радост што одново е врзана на рускиот ланец.

Оние кои не трпат да се на руски ланец, протестираат. Повеќето партии се на страната на преодната влада или се кријат зад неа. Евроатлантскиот ГЕРБ продолжува да ја држи својата цивилизациска ориентација во кревет и да мавта со фактури како поддршка на неизбежноста да се работи со Гаспром. А, тие што се плашеа дека ќе се  вклучиме во војната во Украина со извозот на оружје го донесоа фронтот во Бугарија – со руската гасна артилерија. (Дневник)