Бугарија го затворила граничниот премин со Македонија заради невремето


Поради лошите временски услови, три гранични пунктови на Бугарија се затворени, од кои еден кон Македонија Ова го соопшти Даниел Иваничков од Агенцијата за патна инфраструктура.

Затворени се контролните пунктови на грчката граница „Кулата“ и „Илинден“, а запрено е и движењето кај Гуешево, кое ја поврзува Бугарија со Северна Македонија.

Според Иваничков, ова создаде одредени потешкотии во чистењето на патиштата во областа на граничните пунктови, бидејќи на бугарската територија имаше густ сообраќај. Редот на камиони на „Кулата“ достигна околу 3 км.