Бугарија го повика својот амбасадор во Софија, прави список на насилствата во Македонија


Бугарија го повикала на консултации во Софија  амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Причината, како што се наведува од бугарското МНР,  за неговото привремено враќање во земјава е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во јуни 2022 година,три по ред напади на зградата на организацијата „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, бруталниот напад на 19 јануари на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Крал Борис III“ во градот Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Северна Македонија“.