Будимпешта се подготвува за поплава – војската распоредена покрај Дунав
Осум загинати, неколку исчезнати, илјадници евакуирани и десетици илјади без струја се актуелните последици од бурата Борис, која ја пустоши централна и источна Европа со бурни дождови и катастрофални поплави. Ова невреме предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода се и делови од Австрија
Поради брзиот пораст на водостојот на реката Дунав по обилните дождови во текот на летото, Будимпешта сериозно се подготвува за можна поплава. Унгарскиот портал Телекс јавува дека 350 војници се ангажирани во одбраната од поплави.
На барање на неколку окрузи, министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровницки нареди распоредување војници за подготовки за заштита од поплави во населбите Мосонмагаровар, Нешмели, Пилисмарот и по должината на реката Лајта.
Прогнозите велат дека водостојот на Дунав и Лајта ќе го достигне, а можеби и ќе го надмине нивото на водата од 2013 година, кога Будимпешта беше погодена од невидени поплави.