Буденстагот го потврди членството во НАТО, се отвори дискусија и за ЕУ
Германскиот Парламент го ратификиваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, но во текот на дебатата германските пратеници влезот на земјата во Алијансата го поврзаа со датумот за почеток на преговори со Европската Унија. Иако расправата за извештајот на Европската комисија треба да се одржи на посебна седница, сепак некои од пратениците имаа забелешки дека таа расправа се оддолжува.
Владата на Германија во образложението на Протоколот од 6 февруари 2019 година изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор, јави Дојче веле.

На ратификацијата на членството се спротивставија популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и Левицата, јави Дојче веле. Петр Бистрон од АфД ѝ честиташе на земјата поради затворањето на Балканската рута за бегалците во 2016 година, но рече дека неговата партија ќе гласа против членството во НАТО затоа што има „голем проблем со корупцијата“, а „Балканот е само предградие на Европа“.
Александер Ној од Левицата се спротивстави на проширувањето на НАТО и ја критикуваше „прозападната Влада во Македонија дека погрешно го интерпретирала референдумот за промена на името“. Ној цело време во излагањето го користеше терминот „Македонија“ поради што влезе во судир со еден пратеник со грчко потекло во Бундестагот.
Германските пратеници, го поддржаа членството на земјава во НАТО, но имаа расправија поради оддолжувањето на расправата за почеток на преговорите на земјата со Унијата.
Пратеникот од опозициските Зелени, Јирген Тритин оцени дека околу почетокот на преговорите има судир и во самата влада.
-Канцеларката е против, а Министерството за надворешни работи се залага да започнат преговорите. Коалицијата не може да постигне согласност по ова прашање, изјави тој. ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите од СДП, на кои им припаѓа министерот за надворешни работи Хајко Мас ја сочинуваат владината коалиција.

-Желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа, рече пратеникот на Зелените и додаде дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја жртвувал својата политичка кариера за да се постигне Преспанскиот договор и оти поради него ќе ја загуби власта на следните избори. Тој потсети дека ЕК донела јасна препорака за почеток на преговорите.
Пратеникот на Зелените од говорницата потсети и дека германското Министерство за надворешни работи уште на 8 мај годинава го информирало Бундестагот дека треба да се изјасни за почетокот на преговорите со Северна Македонија.
Двајца пратеници на ЦДУ, Кристијан Шмит и Петер Бејер реплицираа на забелешките на Тритин. Шмит оцени дека ставовите на Тритин немаат „врска со реалноста“ и ја пофали улогата на Северна Македонија на Балканот, нарекувајќи ја „упориште на мирот“, која секогаш помагала во најтешките моменти.
Според Шмит, стратешки интерес на Германија е земјите од Западниот Балкан да станат дел од ЕУ и најави дека за почетокот на преговорите со ЕУ ќе се разговара „наскоро“.
Шмит во излагањето рече дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, но потенцираше дека Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми“, поради што е потребно подолго време да се простудира извештајот на ЕК.
Колегата на Шмит од ЦДУ, Петер Бејер ги поздрави договорите со Грција и Бугарија, но критикуваше дека во земјата се потребни дополнителни напори во делот на борбата против организираниот криминал, корупцијата, правосудството и јавната администрација.
Социјалдемократот Карл-Хајнц Брунер го пофали компромисот со Грција кој, како што рече, „не треба само да се признае, туку и постојано да се фали“, и посочи дека со влезот во НАТО на „Северна Македонија не треба да ѝ се тргне морковот и за почеток на преговорите со ЕУ“.
-Оваа земја е во срцето на Европа и ги исполни сите услови за почеток на преговорите, рече Брунер.