Брза помош со пациент заглавена во лифт во Кисела Вода


Екипа на брзата помош заглави во лифт во зграда во скопската општина Кисела Вода, а со помош на Центарот за управување со кризи тие се ослободуваат. Јавено е на екипи на противпожарната и на полицијата.

Како што соопшти директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска  во 11.22 часот на 112  добиле пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.