Брутална интервенција на полицијата на собирот во Нови Сад

Жандармеријата вечерва интервенираше на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Насилната полициска акција започна ненадејно, кон мирно собраните граѓани.
Како што објави репортерот на Н1, во еден момент се слушна гласен и продорен звук, жандармеријата почна да интервенира, користејќи палки, туркајќи ги назад граѓаните додека се движеа кон зградата на факултетот. Полицијата и жандармеријата се во огромен број, а има распоредено и оклопни возила.
Се слушнаа истрели од топ, беше фрлен солзавец, неколку пати. Во еден момент, летаа некои предмети.
Жандармеријата го расчисти кампусот не само од граѓани и студенти, туку и од оние што пружаат прва помош.
Полицијата ги турка луѓето кон Филозофскиот факултет и понатаму кон кејот.
Министерството за внатрешни работи претходно објави дека има сознание оти учесниците на нерегистрираниот митинг во Нови Сад имаат намера да ги нападнат полицајците кои се пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во овој град.
Протести вечерва во Нови Сад, Крагуевац, Ваљево, Ужице, Пријеполе и Лесковац на повик на студенти и граѓани. Митинзи се закажани и во Нови Пазар, Ниш, Прокупље и Краљево.
Студентите од Нови Сад повикаа на протест „Србијо, можеме ли да се слушнеме“ против кршењето на универзитетската автономија и полициската бруталност.
Матурантите од средното училиште во Крагуевац одржаа митинг во поддршка на отпуштените професори пред Втората гимназија во Крагуевац.