Едриен Броди со овации во Венеција, му се смешка ли Оскар?
215-минутниот еп по Втората светска војна „Бруталист“ на Брејди Корбет ја имаше својата светска премиерана Филмскиот фестивал во Венеција со ѕвездената драма која доби овации од 13 минути и пет секунди од публиката на Сала Гранде.
Корбет – чии Vox Lux и Childhood of a Leader претходно дебитираа на Lido, беше на фестивалот заедно со членовите на актерската екипа Едриен Броди, Фелисити Џонс, Гај Пирс, Џо Алвин, Стејси Мартин, Рафи Кесиди, Ема Лерд, Исак Де Банколе и Алесандро Нивола.
Иако филмот беше доволно долг за да бара пауза , приемот до финалето беше ентузијастички со многу „Браво“ извикани од публиката.
Во „Бруталист“, Броди го глуми Ласло Тот, еврејски архитект роден во Унгарија, кој емигрира во САД со неговата сопруга Ерзебет откако го преживеа холокаустот. Додека тие се обидуваат да го обноват своето наследство во Америка, мистериозен и богат клиент (Пирс) засекогаш ги менува нивните животи. Корбет го напиша сценариото заедно со норвешката режисерка и сопруга Мона Фастволд (Светот што доаѓа).
Броди пред венецискиот прес корпус претходно изјави дека почувствувал „непосредно сродство и разбирање“ за ликот на Тот поради траекторијата на неговата мајка, фотографката Силвија Плачи, имигрант која побегнала од Унгарија во 1956 година за време на Унгарската револуција. „Таа беше бегалец и емигрираше во Соединетите Американски Држави, и слично како што Ласло почна повторно и го загуби својот дом и го следеше сонот да биде уметник… Разбирам многу за последиците од тоа врз нејзиниот живот и нејзината работа како уметник , што мислам дека е прекрасна паралела со Ласло… Оваа фикција ми е многу реална“.
Во својата рецензија за филмот, Дејмон Вајз од Дедлајн напиша: „Има перверзен шарм во хардкор естетиката (на Корбет), исто како што имаше во Детството на лидерот и Вокс Лукс. Бруталистот репризира некои од тие филмски теми и огромни делови од актерската екипа, но некако не се чувствува баш завршено. Повторно, како што може да каже Френк Лојд Рајт, дали некој архитект навистина го завршува?
Focus Features ги стекна меѓународните права на филмот за време на Берлинале.
Едриен Броди, кој доби Оскар во 2002 година за „Пијанистот“, ја глумеше улогата на својата кариера во „Бруталист“, тврди критиката, и му се смешка Оскарот.
Единствената голема пречка на патот до славата на Оскар за „Бруталист“ е фактот што, во моментот на објавување, сè уште нема дистрибутер во САД. По воодушевувачкиот прием што го го доби филмот на Корбет, тоа нема да биде проблем уште долго.