Брус Вилис наполни 70 години среде борбата со деменција


Брус Вилис наполни 7о години, а од светот на актерството се повлече во 2022 година кога првпат му беше дијагностицирана афазија, а потоа во 2023 година и фронтотемпорална деменција која бара 24-часовна нега.

Неговата ќерка Румер Вилис  откри за здравјето на нејзиниот татко.

„Одлично му оди“, одговори Румер во видеото. „Утре всушност е неговиот 70-ти роденден, затоа ве молам да му посакате на мојот татко среќен роденден“, додаде таа.

Во овој момент, актерот ја изгубил способноста за вербална комуникација.

Ѕвездата на „Умри машки“ ја има целосната поддршка од неговото семејство, вклучувајќи ја неговата сопруга Ема Хеминг Вилис и неговата поранешна сопруга, актерката Деми Мур. Во октомври 2024 година, Мур сподели увид во здравјето на нејзиниот поранешен сопруг.

„Знаете, јас го кажав ова порано. Болеста е она што е болеста. И мислам дека треба да бидете во вистинско длабоко прифаќање на она што е тоа“, рече таа на Меѓународниот филмски фестивал Хемптон во 2024 година, според Њујорк пост.

Брус ретко се појавува во јавноста. Едно од неговите најнови излегувања се случи во јануари кога ги поздрави пожарникарите кои се борат со шумските пожари во Калифорнија. Во тоа време, Хеминг Вилис сподели видео од интеракцијата на Инстаграм.

„Брус никогаш не пропушти шанса да ја покаже својата благодарност со срдечно ракување и „благодарам за услугата“. Вчера не беше поинаку“, напиша таа во трогателната објава.