Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 33.000
Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во Турција и во Сирија во земјотресот кој го погоди југоистичниот дел на Турција.
Како што пренесе „АП“, до сега е регистрирано дека 33.179 лица загинале во земјотресот кој го погоди југоистокот на Турција и северот на Сирија, а се очекува тој број да расте.
Во Турција досега се регистрирани 29.605 смртни случаи, јави турската Агенција за управување на катастрофи и вонредни ситуации.
Како што наведува агенцијата, досега 147.934 лица се евакуирани од погодените подрачја.Во Сирија според последните податоци загинале 3.574 лица.