Бројот на загинати во ракетирањето на украинската воена база е зголеми на 35 лица


Триесет и пет лица загинаа во воздушен напад врз воена база во Лавов, изјави регионалниот гувернер Максим Козицки. Според претходните податоци, бројот на убиените е девет.

Воениот центар Јаворив рано утринава бил погоден со 30 руски проектили, соопштија украинските власти. Локалните медиуми пишуваат дека се повредени 134 лица.

Тоа е најзападниот воздушен напад во конфликтот досега, во близина на границата на Украина со Полска – членка на НАТО.

Базата ја користеле и сојузниците на НАТО за обука на украинската армија, пишува Sky News.