Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов рекорд
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле. Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за околу 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од тие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат
Германија Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на лични документи или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот, а првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Претставник на левицата: Се бара бегалците да бидат жртвено јагне
Бројот на баратели на азил неодамна стана точка на политичка контроверзија во Германија и пошироко во Европа. Но, левичарската пратеничка Клара Бунгер, која го поднесе барањето, рече дека бројките покажуваат дека бегалците сочинуваат само 4 отсто од населението и дека некои од тие луѓе се во земјата со децении.
„Бројките се во јасен контраст со погрешното претставување на наводната вонредна ситуација. Таквото заплашување намерно го одвлекува вниманието од реалните социјални проблеми и го користи стравот за да ги направи бегалците жртвено јагне“, додаде Бунгер.