Брнз: Важно е во Македонија да се одржат избори, датумот да биде согласно законот


Амбасадорката Кејт Брнс

На еден час пред почетокот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се јави американската амбасадорка Кејт Брз со изјав а во која порача дека избори тревба да се одржат, а нивниот датум да се одреди согласно законите и Уставот.

Амбасадорката  Брнз, во изјава за МИА порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија ѝ се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со Ковид-19. Таа истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата.

„Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија ѝ се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со Ковид-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата“, наведува Брнз.