„Бритиш ервејс“ ги откажа летовите до Абу Даби до крајот на годината


Лондон – „Бритиш ервејс“ објави дека ги откажа сите летови до и од Абу Даби до крајот на оваа година поради војната на Блискиот Исток.

Компанијата соопшти дека летовите до и од Аман, Манама, Доха, Дубаи и Тел Авив се откажани до крајот на овој месец.

„Постојано ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите патници за да им понудиме различни опции“, соопшти авиокомпанијата.

Исто така, се наведува дека има ограничен број места на летовите за репатријација од Оман до аеродромот Хитроу, кои се планирани за утре и четврток.

Војната што ја започнаа Соединетите Американски Држави и Израел против Иран предизвика откажување на бројни летови низ целиот Блиски Исток.

Бидејќи поголемиот дел од воздушниот простор во регионот е сè уште затворен поради опасноста од ракети и беспилотни летала, некои патници се свртуваат кон приватни авиони, додека чартер летовите и ограничен број комерцијални линии се обидуваат да евакуираат десетици илјади луѓе.