Британско разузнавање: Двата погодени руски брода се неповратно загубени


Погодениот десантен брод „Минск“

 

Русија во блиска иднина нема да може да ги обнови големиот десантен брод „Минск“ и дизел-електричната подморница „Ростов на Дон“, кои Украина практично ги уништи со ракетен напад на 13 септември, пишува британското разузнавање.

„Иако руското Министерство за одбрана ја минимизира штетата на пловилата, податоците со отворен код покажуваат дека ‘Минск’ е речиси сигурно функционално уништен, а ‘Ростов’ најверојатно претрпел катастрофална штета“, се вели во извештајот на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Загубата на „Ростов на Дон“ ја лишува Црноморската флота од една од четирите подморници способни да носат крстосувачки ракети, кои одиграа голема улога во нападите врз Украина, соопштија британските разузнаачи.

„Напорите за враќање на подморницата во употреба најверојатно ќе траат многу години и ќе чинат стотици милиони долари“, бидејќи веројатно е дека „тешката задача за отстранување на остатоците од сувите доковите ќе ја држи надвор од употреба многу месеци“, се вели во резимето.

Руското Министерство за одбрана ја призна штетата на двете пловилаа на морнарицата како резултат на ракетен напад врз фабрика за поправка на бродови во Севастопол. Министерството вети дека целосно ќе ги обнови за да можат да продолжат со борбената служба како дел од нивната флота.

Украина употреби британски крстосувачки ракети „Storm Shadow“ за нападот, објави Скај њуз, повикувајќи се на западни и украински претставници. Објектот бил нападнат ноќе со десет ракети. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, седум од нив биле пресретнати. Според гувернерот на Севастопол назначен од Русија, Михаил Развозаев, повредени се 24 лица.