Британските власти ја разгледуваат можноста за воведување „ковид пасоши“
Британските власти ја разгледуваат можноста за воведување „ковид пасоши“ за оние кои биле вакцинирани против новиот вид корона вирус, објави весникот „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на свои извори.
Според весникот, таквата мерка ќе им овозможи на носителите на новиот документ послободно да се движат низ земјата, вклучително и на службени патувања, отколку оние кои одбиваат вакцинација.
Се очекува одлуката утре во Парламентот да ја објави британскиот премиер Борис Џонсон.