„Умре како херој“: Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК


 

Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст за трагедијата во Кочани, во која фокусот го става на смртта на Андреј Ѓорѓиески, еден членовите на бендот ДНК, кој трагичната вечер во дискотеката „Пулс“ имаа настап.  Под наслов: „Пејачот ‘умре како херој’, втрчувајќи во пожар во ноќен клуб во Северна Македонија за да ги спаси младите обожаватели“, британскиот медиум со долга традиција пишува дека пејачот на ДНК бил опишан како „добар и скромен“ од неговиот ожалостен менаџер.

Пејачот на хип-хоп група која свиреше пред пожарот да убие повеќе од 50 луѓе „умре како вистински херој“ враќајќи се во пеколот за да ги спаси своите млади обожаватели, а не себеси, изјави неговиот менаџер, пишува „Индипендент“.

Извештаите сугерираат дека 1.500 луѓе, вклучително и малолетници, биле во ноќниот клуб „Пулс“, во Северна Македонија, каде што ДНК настапувале кога се запалил покривот.

Андреј Ѓорѓиески, еден од пејачите на популарниот македонски бенд, е констатирана смрт од неговиот менаџер, се наведува во текстот.

Снимките на социјалните мрежи покажаа хаос во клубот додека покривот се запали, а Ѓорѓиески ги повика присутните да излезат што е можно побрзо.

Неговиот менаџер, како што наведува „Индипендент“, соопштил дека пејачот се вратил во запалениот магацин каде што загинаа 59 луѓе, меѓу кои и малолетници, а повеќе од 100 се повредени.

Букинг менаџерот на хип-хоп групата Спасоски изјави за „Индипендент“ дека Андреј можел да побегне, но избрал да се сврти.

Тој рече: „Да, точно е. Никогаш во животот не сум сретнал толку добра и скромна личност“.
Андреј се смета дека е меѓу загинатите во несреќата која ги „збриша“ и фотографот на бендот Александар Ефремов, пејачката Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев и клавијатуристот Филип Стевановски. 

Понатаму, во текстот се вели дека полицијата уапси 20 лица во врска со фаталниот пожар, во кој се вклучени владини претставници и управителот на местото – стара зграда која претходно била складиште за теписи – и која немала валидна дозвола.

Запрашан дали сака правда за смртните случаи на местото на настанот, Спасоски додаде: „Се надеваме дека ова ќе не освести сите како народ и дека државата нема да дозволи да ни се повторуваат вакви трагедии“, пишува „Индипендент“, при што дава приказ и на другите активности што се преземаат во земјава во врска со овој трагичен настан.