Британската полиција уапси деветмина албански дилери во Лондон
Британската полиција уапси деветмина Албанци и со тоа прекина група трговци со кокаин, кои дејствувале на периферијата на Лондон.
Албанците, кои го ширеле кокаинот меѓу многу богати клиенти, се на возраст од 19 до 28 години.
Тие дрогата најмногу ја разнесувале во лондонското преградие Танбриџ Велс, каде што, како што се проценува, оствариле приход од 4,2 милиони фунти за само половина година.
Британскиот весник „Сан“ пишува дека Албанците функционирале по системот „Кол центар“, кој го формирале во Лондон, каде што ги примале нарачките.
Бандата ја откриле двајца инфилтрирани агенти, кои го откриле нивниот систем на работа.