Брисел го суди Париз заради загадениот воздух


Белгија– Европската комисија ја тужи Франција за непреземање мерки против загадување на воздухот, пренесува „Политико“. Комисијата се обратила до Европскиот суд на правдата затоа што Париз не успеал да ги заштити своите граѓани од лош квалитет на воздухот.

Комисијата објаснува дека Франција не ги почитувала дневните гранични вредности за ситни честички во воздухот  во поголемиот дел од годините од 2005 година, кога правилата станаа задолжителни.

По вторпат, на Франција и се суди за нечист воздух. Минатата година, судот пресуди дека земјата „постојано“ ја надминува ограничената концентрација на азот диоксид во 12 зони каде се мери квалитет на воздухот.

И покрај обврските на земјите-членки да обезбедат добар квалитет на воздухот, загадувањето на воздухот останува голем еколошки проблем што е штетен за здравјето на луѓето во ЕУ. Европската агенција за животна средина нагласува дека секоја година има 400.000 смртни случаи во Европа поради загаден воздух.