„Брегзит“ една година потоа: Британците осиромашени, ги чекаат придобивките

Да се ​​заврши „Брегзит“ беше најлесната работа во Британија. Да се ​​докаже дека вредело и е корисно, испаѓа многу потешко


 

На Нова година, Обединетото кралство ќе биде целосно надвор од Европската унија една година: надвор од нејзините политички и правни структури, надвор од нејзиниот единствен пазар, надвор од  царинската унија. Тоа го сакаа Борис Џонсон и Мајкл Гоув – кои ја водеа кампањата за „Брегзит“. Само со целосно излегување од ЕУ, ни рекоа, Обединетото кралство може да го ослободи својот целосен потенцијал и да напредува ослободена од синџирите на регулативата и бирократијата на ЕУ. Ослободени, ќе можеме да ја вратиме контролата врз нашите граници, нашите пари, нашите закони. Ќе се свртиме кон новите откритија, склучувајќи трговски договори далеку од ЕУ, создавајќи нови  нивоа на просперитет за земјата. Една година, како оди сето тоа?

Оставката минатиот викенд на Лорд Фрост, министерот кој го надгледуваше Брегзит, покажа дека  не е баш така. „’Брегзит’ сега е безбеден… предизвикот за владата сега е да ги испорача можностите што ни ги дава. Ја знаете мојата загриженост за моменталната насока на политиката“, му рекол Фрост на премиерот во писмото со оставка.

Некои во владата сугерираа дека а Фрост – пурист за „Брегзит“ и фанатички дерегулатор – се сомневал дека Џонсон нема вистински план, нема вистинска детална идеја како да направи „Брегзит“ да функционира надвор од слоганите и звучните најави. Тој исто така е  фрустриран од ќор-сокакот околу Северна Ирска. Една година по „Брегзит“, Обединетото Кралство сè уште е во расправија со ЕУ околу протоколот за Северна Ирска за кој Фрост и Џонсон самите преговараа и го поздравија како добар начин за решавање на тешките гранични проблеми, како дел од договорот за повлекување. И да се стави настрана ова прашање,  исполнувањето на ветувањата за „Брегзит“ се покажува многу потешко отколку  што се очекуваше. Она што е јасно е дека „Брегзит“  ги направи граѓаните на Обединетото кралство посиромашни. Тој придонесе за недостиг на работна сила во многу деловни сектори бидејќи работниците од ЕУ се вратија дома.

Има поплаки во одредени сектори дека им било ветувано многу,  а не добија речиси ништо. Рибарите се чувствуваат изневерени, земјоделците се несигурни дека заменскиот режим на субвенции и плаќања ќе биде доволен, додека малите бизниси кои извезуваат во ЕУ се погодени од дополнителни трошоци и документација.

Степенот на економската штета од „Брегзит“ е јасно наведен од Канцеларијата за буџетска одговорност, која пресмета дека напуштањето на ЕУ долгорочно ќе го намали  БДП за околу 4%, во споредба со падот од околу 1,5%  предизвикан од пандемски. Наместо да ја зајакне трговијата, „Брегзит“ ја закочи. Извозот на стоки е намален за 14% на годишно ниво во третиот квартал на 2021 година, според Канцеларијата за национална статистика, при што страдаат и извозот во ЕУ и тој со земји надвор од ЕУ. Според Федерацијата за храна и пијалоци, извозот на храна и пијалоци од Велика Британија е намален за 2,7 милијарди фунти (-15,9%) во првите три квартали од 2021 година во споредба со нивоата пред пандемијата. Ова во голема мера се должи на падот на продажбата во ЕУ од 2,4 милијарди фунти (-23,7%) како резултат на новите бариери во трговијата со ЕУ и тековните ефекти од пандемијата на Ковид. 

И ова е пред да се применат новите правила за увоз од ЕУ во јануари, за кои бизнис лидерите велат дека ќе доведат до дополнителни падови и одложувања. Тогаш прехранбените производи од ЕУ од лето ќе се соочат со дополнителни физички прегледи.

Тоа шро е тешко  да се разграничи што точно е предизвикано од пандемијата и што е резултат на Брегзит за  Џонсон се покажа многу од корист за да ја префрла вината и да ја прикрива негативната слика. Но, економистите нашироко се согласуваат дека долгорочно економскиот удар од Брегзит ќе биде многу поголем отколку од пандемијата.

Друго централно ветување на кампањата за „Брегзит“  беше дека Обединетото кралство повторно ќе ја преземе контролата на своите граници. Но, годината ќе остане запаметена по трагично губење на животи на Каналот и по непристојните  расправии меѓу Французите и Обединетото лралство за тоа кој е виновен, така што тоа тврдење изгледа крајно шупливо. Бегалците кои живеат во северна Франција рекоа дека Брегзит им го олеснил доаѓањето во Велика Британија со мали чамци, место да им го направи потешко. Бегалците кои бегаат од конфликтните зони, вклучувајќи ги Авганистан, Иран, Ирак и Еритреја, им кажаа на новинарите дека фактот што Обединетото кралство повеќе не е дел од ЕУ  прави да им е поисплатливо да ризикуваат со преминување на опасните премини бидејќи тие повеќе не можат да бидат вратени во други европски земји. 

Запрашан за ефектите од „Брегзит“ досега, Чарлс Грант, директор на  Центарот за европски реформи вели дека, иронично, најочигледните успеси  по Брегзит за владата на Џонсон биле во областите каде што успеала да остане блиску до ЕУ, а не таму каде што се оддалечила , како што „возењето“ на трговските договори веќе склучени од ЕУ  со Јапонија, Канада, Швајцарија, Турција и Јужна Кореја, кои сега станаа билатерални со Обединетото кралство. Единствениот целосно нов трговски договор е неодамна потпишан со Австралија. Во други области,  според Грант, Обединетото кралство е ослабено, особено во нејзиното влијание и моќ на европската и светската сцена.

„Лорд Фрост одби да има каква било форма на структурирани односи за надворешната и одбранбената политикасо ЕУ  по ‘Брегзит’  – иако ЕУ го сакаше тоа – и ние плаќаме многу висока цена како резултат на тоа“, вели тој.„Ни недостасува заднинска информација за тоа што се случува во ЕУ бидејќи немаме редовен систем на состаноци со луѓето во Брисел. Не можеме да влијаеме на тоа што се случува затоа што не сме во просторијата. За прашања како што се Русија, Кина и климатските прашања, Британците – дури и надвор од ЕУ – би можеле да имаат одреден степен на влијание бидејќи имаме добри луѓе и вистинска експертиза’, додаде тој. 

Џоел Реланд, истражувач во незавиен тинк-тенк , работеше на „следач на дивергенција“ кој го разгледуваше степенот до кој Обединетото Кралство успеа да се ослободи и да ги замени правилата на ЕУ со свои, како што вети Џонсон. Она што  откри е недостаток на дивергенција во многу области и отсуство на план.

„Главната порака е дека Обединетото кралство зборува многу  за дивергенција. Фрост постојано зборуваше за долгите мрачни години на членството во ЕУ и потребата од промени за да се ослободат растот и иновациите, но тоа едноставно не се случува. Ако ги погледнете најзначајните промени во политиката околу буџетот или околу стратегијата за  нула загадување, многу малку е тоа што не можеше да се направи внатре во ЕУ“.

Реланд вели дека во земјоделството, градската регулатива и областите како зеленото оданочување и финансиското работење, новите идеи и напредокот во дивергенцијата се евидентни, но во големи области, како што е ДДВ, малку или ништо не се случило.Причината е што замената на сите регулативи на ЕУ звучи добро, но во пракса е сложена и скапа за бизнисот.

„Мислам дека Обединетото кралство открива дека е навистина тешко да се обезбеди развој и дека надвор од ЕУ има повеќе бирократија отколку помалку, кога се обидува да смени сè“, вели тој. „Трошоците на компаниите за добивање печат на  Обединетото кралство  наместо со ознаката на ЕУ… не вредат  за цената“.

Последните анкети во земјата покажуваат дека над 60 отсто од луѓето сега мислат дека Брегзит поминал или лошо или полошо отколку што очекувале. Исто така, тоа покажа дека 42 отсто од луѓето кои гласале за напуштање во 2016 година имаат негативен став за ефектите од „Брегзит“ досега. Да се ​​заврши „Брегзит“ беше најлесната работа. Да се ​​докаже дека вредело и е корисно , испаѓа многу потешко. (Гардијан)