Брајан Адамс доаѓа во Скопје – гитара, пијано и чиста емоција


„Авалон“ најавува дека еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, Брајан Адамс , доаѓа во Македонија со ексклузивен концерт за само 2.500 посетители, на 27 април во СЦ Јане Сандански!

„Тешко се наоѓаат клише реченици да се најави и објасни следниов “once in a lifetime” проект кој ни следува. Bryan Adams e реално во А листата на светски изведувачи.Има повеќе од 20 хит сингла и неколку големи милионски албуми.Последните албуми му се одлични.Настапува низ цел свет во најголемите концертни сали.Се наоѓа во листата на топ 10 најпуштани артисти на сите времиња, на глобално ниво.Bryan Adams има еден live албум, ‘’Bare Bones’’ со акустична ‘’best of’’ програма, која ја свири само десетина пати во годината, за негова душа, а на огромно задоволство на неговите најголеми фанови.Ги слушаме “Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…и мнооогу други.Само BRYAN ADAMS на гитара, проследуван од неговиот долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit за 90 минутни чисто емоционално и катарзично музичко искуство.Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење“, соопшти организаторот.

Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27 февруари) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk.

Сите информации околу цените на влезници и категории ќе бидат објавени денес во 19 часот на нашите платформи.