Босна и Херцеговина со нови 226 заразени и 10 починати


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 226 случаи на зараза со корона вирус и 10 смртни случаи.

Во Федерацијата биле тестирани 1.223 примероци, при што 161 се позитивни, а воедно пријави и седум починати.

Досега во федерацијата се тестирани 160.428 примероци, а корона вирусот е потврден кај 18.190 лица. Оздравеле 14.401 пациент, пд кои 109 во последните 24 часа.

Активни се 3.253 случаи. Вкупно од Ковид-19 во Федерацијата починаа 536 лица.

Во Брчко регистриран е еден новозаболен, а во Република Српска 64 и три починати.