Босна и Херцеговина ниже рекорди: 1.555 новозаразени, починаа 21 пациент


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа од корона вирус се заразиле 1.555 лица, што е двојно повеќе од вчера кога имаше 703.

Во Федерацијата тестирани се 1.720 примероци, а 909 биле позитивни.

Досега вкупно се тестирани 196.308 примероци во Федерацијата, а вирусот е потврден кај 27.649 лица. До денеска оздравеле 18.567 пациенти, а активни се 8.358 случаи.

Пријавени се нови 15 смртни случаи или вкупно 724.

Во Брчко има нови 21 заразени, а почина едно лице.

Во Република Српска пак тестирани се 1.417 од кои 625 се позитивни. Починале пет лица.