Босна и Херцеговина денеска со помалку заразени

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележани се 556 новозаразени, а тестирани се вкупно 1.516 лица.
Вчера имаше 716.
Во Федерацијата биле тестирани 946 примероци, од кои 379 биле позитивни на корона вирус.
Досега се тестирани 181.407 примероци во Федерацијата, а корона вирусот е потврден кај 22.209 лица, пренесе Кликс.ба.
До денеска, излечени се 17.262 пациенти, а активни се 4.321 случаи.
Нема починати пациенти од Ковид-19, па бројот на жртви останува 626.
Во Република Српска регистрирани се нови 177 случаи со корона вирус, а починале тројца пациенти.