Босилекот го расположува Ракот, лавандата ја шармира Вагата
ОВЕН:
Родените во овој знак се храбри, самоуверени и жестоки. Под доминација на Марс, полни се со заразна енергија, сакаат да преземат иницијатива и први се да волонтираат во некој проект и да стапнат на непозната територија. Сакаат цвеќиња кои изразуваат страст, како гераниумот, лалето, ружата и било кое друго црвено цвеќе. Бидејќи се склони кон повреди на главата, потребна им е арника, за да ги смири нивните нагли повреди и почетни шокови.
БИК:
Најмногу познати по својата тврдоглавост, сепак овој знак го красат многу убави квалитети. Под доминација на Венера, овие личности имаат добродушно срце, сензуалност и романтична страна. Познати се по својата приземна природа, како и практичност. Сакаат цвеќиња кои ќе ги будат сите нивни сетила, како лилјанот, јасминот, темјанушката и зумбулот. Бидејќи важи за пасивен знак, потребни му се мириси кои што ќе го стимулираат, како сандалот и ружата.
БЛИЗНАЦИ:
Адаптибилни и весели, личностите родени во овој весел знак се лесни и необременети и често се потпираат на својот хумор. Под доминација на Меркур, имаат разиграна личност и голема љубопитност и затоа се сакани пријатели во сите кругови. Потребни им се цвеќиња кои ќе пренесат порака, како ружата, било кое дворско цвеќе, орхидеја и лаванда. Напнатиот нервен систем го смируваат со мирис на липа, јасмин или фрезија. Жолта и портокалова ружа.
РАК:
Ова е знак кој што се смета за најсензитивен во целиот Зодијак! Под доминација на Месечината, овие луѓе имаат тенденција да имаат променливи расположенија, а меѓу нив наоѓаме големи романтичари. Затоа, ако сакате да им покажете колку ги сакате, подарете им богат цветен аранжман, во пастелни тонови. Во предвид одат ирисот, белата темјанушка, гераниумот, како и лотосот. За да ја смират сензитивноста, потребен им е мирис на босилек.
ЛАВ:
Најдоминантниот и најсветол знак, кој е екстровертен и креативец: луѓето родени во овој знак се широкогради, љубезни и топли. Сонцето ги штити: силни и чесни, самоуверени и горделиви, тие не се либат да кажат што мислат и сакаат да бидат во центарот на нештата. Ќе ги погодите ако им поклоните сончоглед, невен или букет од цвеќе со жолта боја. Од мириси, сакаат мирис на лимон бидејќи оваа арома ги смирува, а од дрва, сакаат палма, орев и маслинка.
ДЕВИЦА:
Со силно чувство за детали, овие личности се познати по својата педантна и организирана природа. Тие обично се скромни и срамежливи, но под нивната резервирана природа се крие мудра и остроумна личност. Меркур ги штити, а сакаат со аранжман кој ќе ја испровоцира нивната радост. Подарете им собно цвеќе, како фикус, но и дворско цвеќе, како невен, потоа камелии и нарцис. Од дрвата, сакаат бадем и црешна. Етерични масла, како бергамот.
ВАГА:
Овој знак важи за најпосакуваниот знак, поради својата нагласена елеганција и шарм. Под доминација на Венера, тие се персонификација на избалансираност, хармонија и имаат силна романтична страна, како и нежност и љубезност. За да ги погодите право во срцето, добро е да им поклоните букет од спротивни цвеќиња, на пример сини и розови цветови, а тоа може да биде хризантема, ирис, гербер, бледа ружа, како и јасмин и фрезија. Мирис на лаванда и нане.
СКОРПИЈА:
Познат по своите интензивни емоции, ова е знак кој што сака да доминира и овие личности имаат силна виталност, моќ и физичка сила во изобилство. Кога се инспирирани, сакаат да се испробаат во нешто и да се надминат себе си. Под доминација на Плутон, сакаат луксузни цвеќиња, со крупни листови, а страсни во бојата. Затоа може да подарите темно црвена ружа, хризантеми, гардении, но и кактус или див каранфил. Етерични масла од нане, бергамот и коноп.
СТРЕЛЕЦ:
Познат по својот незапирлив ентузијазам, ова е знак под доминација на Јупитер и затоа овие личности имаат комбинација на моќен интелект, независност и амбиција. Поради тоа се сметаат за најсреќните луѓе во Зодијакот. Сакаат цвеќе кое симболизира нешто подлабоко и кое ќе ја стимулира нивната немирна природа, како лилјан или фрезија. Обично тие сакаат полско цвеќе и дрва, како филадендрон, црешна или бонсаи. Може да ги усреќите со багрем и бозел.
ЈАРЕЦ:
Кога се говори за сериозност и стабилност, се мисли на овој знак, кој е под доминација на рестриктивниот Сатурн. Затоа овие личности сакаат дрва кои ќе ги вкоренат во физичкиот свет, а од цвеќињата обожаваат афричка темјанушка, која ќе ја потенцира нивната сензуалност. Може да им подарите магнолија, јоргован, јасмин или ружа, а од етеричните масла сака мошус, опиум или сандал. Од дрвата претпочитаат смрека, бор или бршлен.
ВОДОЛИЈА:
Кога станува збор за оригиналност и независност, сетете се на овој знак. Под доминација на Уран, овие личности се иновативни и непредвидливи, чесни, лојални и инспиративни. Ако сакате да го освоите нивното срце, вистински погодок ќе биде орхидејата, фрезијата, гладиолата, како и ирисот. Може да ги израдувате со поинаков вид на цветни аранжмани, како бамбусот, кактусите и папратот. Инаку, сакаат етерични масла од типот на нарцис и коријандер.
РИБИ:
Познати по својата нежна и сочувствителна страна, овие луѓе имаат ретко разбирање за другите. Под доминација на Нептун, тие се едноставни и етерични, широкогради и популарни како пријатели. Вистински погодок ќе бидат неамбициозните подароци и цвеќе како орхидејата, ирисот, ружата, белата темјанушка и јасмин. Сакаат етерични масла на тимијан и босилек. Исто така, многумина од нив обожаваат тешки мириси како конопот и мошусот.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ