Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.
Тој рече дека ставот на конфедерацијата е дека низ дијалог во секој сектор, во секоја дејност ќе има можост да се постигне не само зголемување на минимална, туку и зголемени на платите на сите работници.
Бошков одговарајќи на новинарско прашање во однос на предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра со платени субвенции од Владата, оцени дека е потребно колективно преговарање.
-Имавме сличен предлог, но, откако неформално зборувавме со владини претставници востановивме дека не можеме да очекуваме поддршка за покачувањето на социјалните придонеси. Така да, го имаме законското решение на кое мораме да се потпираме. Од демократски, политички аспект Владата ни соопшти нешто што го очекувавме со години, а тоа дека ќе треба ние сами да се договориме со синдикатите. Она ниво на политичка и демокаратија на социјален дијалог ја имаме сега во пракса, меѓутоа дијалогот треба да биде заснован врз реални состојби. Во овој момент ова што се нуди како решение го гарантира минималецот, ние ги молиме работодавачите да размислат на кој начин ќе ги намалат останатите трошоците за да ги зголемат платите на работниците. Оваа формула во моментов дава балансирана состојба, оваа формула во моментов нуди стабилност, вели Бошков.
Додаде дека дијалогот треба да се заснова врз реални состојби.
– Дијалогот треба да биде заснован врз реални состојби, и ги знаеме таквите состојби. Јасно е дека финансиската, фискаланта состојба, намалени приходи, состојбата со буџетот ни е објаснета и ни е јасна за нас тој аргумент колку и да не ни се допаѓа е аргумент на владата кој сакале или не сакале мора или не морале да го прифатиме, меѓутоа законот вели дека покачувањето ќе се случи во март, изјави тој.
Бошков посочува дека од искуство, повеќе од 25 години како претставник на дел од работодавачите, точно знае дека во Македонија, со чест на исклучови, работодавачите не знаат што значи мерење на продуктивност.
-Од искуство точно знаеме дека во Македонија со исклучоци, работодавачите незнаат што значи мерење на продуктивноста, ниту имаат системско организирање, ниту знаат како да ги дадат работните задачи, ниту пак знаат како да ги организираат оние услови за продуктивност исполнтост. Сето тоа следење на вработените, активноста, безбедноста и здравјето на работниците, постоењето на работниците се е на тефтер, кај нас се уште ни е дигитализацијата на ниво на примитивна роботика, посочи тој.