Босанскиот филм за геноцидот во Сребреница „Кво вадис, Аида?“ во трка за Оскар


САД– Филмот „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ е номиниран во категоријата најдобар странски филм, заедно со филмовите „Уште една тура“ од Данска, „Подобри денови“ од Хонгконг, „Колектив“ од Романија и „Човекот што си ја продаде кожата“ од Тунис, пренесува АП.

Оваа година церемонијата на „Оскарите“ ќе се одржи на 25 април.

Филмот „Кво вадис, Аида?“ е номиниран и за две награди БАФТА – во категоријата најдобар режисер и најдобар странски филм, наведува босанскиот портал „Кликс“.

Наградите БАФТА се закажани за 11 април.Претходно освои награди на фестивалите во Мајами и во Луксембург.