Боровец – без снег, малку туристи и празни ресторани


 

Најстарото и најголемо планинско одморалиште во Бугарија – Боровец, ги пречекува туристите и покрај топлото време. Падините се покриени со вештачки снег. Љубителите на скијање и сноуборд, сепак, се разочарани што нема снег, пишува БГНЕС.

Температурите и на крајот од денот се над нулата. Времето е суво и топло, туристи нема многу, а  преовладуваат странците – најмногу Англичани, Македонци и  Срби. Атракциите работат, но рестораните се празни.

 

Иако се наоѓа на 1.350 метри надморска височина на северните падини на Рила, лесно е достапен од целата земја – се наоѓа на 70 километри од Софија и 80 километри од Благоевград. Скијачката сезона обично трае од средината на декември до април.