Борисов: Влада на ГЕРБ-СДС и Продолжуваме со промените е врвен приоритет на Бугарија


Влада составена од ГЕРБ-СДС и коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ е врвен приоритет, изјави утринава пред новинарите во бугарскиот Парламент лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Борисов денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, и по неа тој кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и социјалната политика. Тој додаде дека Нинова му соопштила дека двете најсилни коалиции застапени во парламентот се сосема доволни и затоа БСП нема да ги поддржи при изборот на Росен Желјазков за претседател на 49. Народно собрание.

Борисов кажа дека одложувањето на изборот на претседател на Собранието е само од корист за преговорите меѓу двете најголеми коалиции во собранието – ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ. Тој најави дека денеска ќе се направат две работни групи – правни и буџетски, од двете коалиции само за да го претресат  прашањето за тоа каков буџет би бил одржлив за државата и сите закони за кои би се барало големо мнозинство.

„Наш главен приоритет е влада меѓу двете партии“, рече Борисов.

„Подготвени сме на многу компромиси, но ова не е компромис“, рече Борисов одговарајќи на прашање за предлогот за избор на претседател на Собранието врз ротациски принцип.

-Сакам да формирам влада со „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, бидејќи тоа е најдоброто за Бугарија, рече Борисов.