Борисов: Петков и Василев се збогатија со посредување за продажба на оружје на Украина
Асен Василев и Кирил Петков станаа побогати со меѓу 800 илјади и една милијарда евра од посредништвото за вооружување на Украина, оцени лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Според неговата партија, 20% од 5-те милијарди отишле кај посредници. „Ако има нешто со што можат да се пофалат, тоа е дека меѓу 40 и 50 отсто од парите наменети за помош во оружје за Украина биле злоупотребени“, рече Христо Гаџев.
„Браво што го испративте оружјето во Украина. Лошата работа е што лажевте. Да не лажевте, сега „Ди Велт“ и другите западни медиуми ќе рекоа „браво“ за Бугарија и бугарските политички партии што го ставија од првиот ден украинското знаме. Затоа што дозволивте посредници со Украина“, порача Борисов.