Борисов го пречека Заев (Фото галерија и видео)
Премиерот Зоран Заев претпладнево пристигна во Софија, каде што ќе учествува на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
– Пристигнавме во Софија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, каде што оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија, а самитот ќе го водиме заедно со премиерот Борисов.Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот Западен Балкан ги ставаат поблиску до членството во ЕУ. Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. И во оваа прилика посебна благодарност упатуваме и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и до СР Германија, од кои континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и за регионалната соработка, објави премиерто Заев на неговиот Фејсбук профил по пристигнувањето во Софија.
Заев беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов пред софискиот хотел Бојана Резиденс, по што двете делагации заминаа на билатерална средба.
Во македонската делегација предводена од Заев, се и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во бугарската делегација, покрај Борисов е и вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.