Борис Трајанов ќе настапи на јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“


На јубилејниот концерт – 25години на Камерен оркестар „Скопски солисти“, кој ќе се одржи во вторник на 08.04.2025година, во 20часот во Филхармонија, како солист ќе настапи нашиот познат уметник од светски глас, баритонот Борис Трајанов, национален уметник на Македонија и амбасадор на Унеско , под диригенстката палка на маестро Виктор Митревски, кој доаѓа од Виена, Австрија.
На програмата ќе бидат изведени дела од различни епохи, од Вивалди,Чајковски Верди, Сибелиус, Барток и Херберт (премиерна изведба)и Македонските фолклорни бисери: Си заљубив, и Кога падна на Пирина.
На свеченоста ке бидат доделени признанија и благодарници за долгогодишна соработка на наши истакнати колеги и соработници,како и на институциите од културата и пошироко, соопшти проф.м-р Васил Атанасов, уметнички раководител на  Камерен оркестар „Скопски солисти“.