Борис Џонсон во самоизолација

Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид-19.
Ова го соопштија денеска од канцеларијата на „Даунинг стрит“,
„Тој ќе продолжи да работи на Даунинг стрит, и да го предводи владиниот одговор на пандемијата корона вирусот“, рече портпаролот на премиерот, кој порано оваа година беше во болница поради Ковид-19, пренесе Ројтерс.
Како што се наведува, премирот Џонсон е добро и нема симптоми на Ковид-19.