Борис Бекер (58) и Лилијан де Карваљо (34) добија ќерка
Легендарниот тенисер Борис Бекер (58) и неговата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро (34) станаа родители на девојче. Бекер ја сподели среќната вест на својот Инстаграм профил, објавувајќи црно-бела фотографија од него и неговата сопруга како ја држат за рака нивната новородена ќерка.
„Добредојде на светот… Зои Виторија Бекер. 21.11.2025“, напиша гордиот татко. Малата Зои пристигна на свет во петок, само еден ден пред Бекер да го прослави својот 58-ми роденден денес.
Петто дете за тениската легенда
Зои Виторија е петтото дете на Бекер. Од бракот со Барбара Фелтус, од која се разведе во 2001 година, ги има синовите Ноа Габриел и Елиас Балтазар. Има ќерка со руската манекенка Ангела Ермакова, а од деветгодишниот брак со Лили Керсенберг, кој заврши насилно во 2018 година, го има синот Амадеус.
Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, и 35-годишната Лилијан се венчаа на раскошна церемонија во Портофино, Италија, во септември минатата година, а во јуни оваа година објавија дека очекуваат бебе. Во неодамнешно интервју за „Сандеј тајмс“, Бекер откри детали за нивната врска, која започна во 2018 година.
„Таа очигледно е многу привлечна жена, но почувствував дека од првиот ден кога ручавме сами, имавме моментална интелектуална врска“, рече тој. „Иако е 20 години помлада, чувствувам дека има стара душа, а сакам да мислам дека мојата душа е малку помлада, па се запознавме на половина пат.“
Поддршка во најтешките моменти
Во истото интервју, Бекер посебно ја пофали својата сопруга што останала покрај него во најтешкиот период од неговиот живот, кога беше осуден за криење средства по банкротот. Да потсетиме, поранешниот шесткратен освојувач на Гренд слем беше осуден на две и пол години затвор.
Тој беше ослободен на 15 декември 2022 година, по отслужување осум месеци, и беше депортиран во Германија. „Малку ме изненади што жените сè уште остануваат со тебе ако немаш ништо“, призна Бекер. „Не сум го доживеал тоа толку многу порано.“