Борел: Во ЕУ веќе нема пречки за членството на Македонија
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на блокот, Жозеп Борел, смета дека нема пречка за пристапување на Македонија во ЕУ, објави БНР.
„Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на пристапување“, рече Борел на прашањето кои би биле следните чекори на блокот доколку Македонија до ноември не го промени уставот и не го внесе во него бугарското малцинство.