Борел го фали Османи, испорачувал резултати

„Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката“, рече Борел.
Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.
„Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности, за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги“, истакна Борел.
Тој потсети дека Европа го познава Османи како лидер кој реализира.
„Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија“, заклучи Борел.