Борел бара ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Во писмото испратено до министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласи дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“.

Политичкиот дијалог со Израел, кој стапи на сила во јуни 2000 година, е вграден во поширок договор за односите меѓу ЕУ и Израел и вклучува широки трговски врски.